ВМРО-ДПМНЕ: За демократија не се бори со инциденти

Од:

„Интересите на граѓаните се бранат во институтциите кои граѓаните ги избрале и гласале за нив на слободни, фер и демократски избори“, се вели во писмената реакција на ВМРО – ДПМНЕ на изјавата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски во која тој посочува дека интересите на граѓаните и демократијата ќе ги бранат надвор од институциите.

Според соопштението, ставот и принципот на СДСМ „се бориме за демократија, а ќе ги рушиме институциите“, преставува непочитување на граѓаните, вклучително и на нивните гласачи, како и погазување на демократските вредности.

За демократија не се бори со инциденти, подбуцнувања и непочитување на правилата, туку со искрен пристап и демократски методи. За демократијата не се бори со напад на службени лица, физичко и вербално пресметување со колеги пратеници и насилно превземање на претседателското столче во Собранието, туку со дијалог, дебата и заемно разбирање, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ