ВМРО-ДПМНЕ: За чии интереси работи Ковачевски, одбива единство за националните прашања, и Декларација за Делчев

Од:

„Ковачевски треба да се тргне од скутот на својот ментор Заев и да ги напушти неговите штетни политики. Реториката која ја користи, но и потезите кои ги влече покажуваат дека нема големи промени во пазарџиството на неговиот претходник кој тргуваше со националните и државните интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Но еве, ако навистина Ковачевски сака да гради национално единство во Собранието за националните прашања, тогаш има одлична прилика, да ја прифати Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев. Ако Делчев не е добар повод за национално единство и ако Декларацијата во Собранието не е најдобра прилика, тогаш не знаеме што е.

Еве му прилика да покаже дека не се само декларативни неговите изјави за единство. Ако му пречи, тогаш Ковачевски треба да каже што е спорно во текстот на Декларацијата, да каже дали има против да се афирмира револуционерното дело на Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање. Нека покаже Ковачевски за чии интереси работи.

Ковачевски доколку продолжи да молчи за подадената рака за национално единство, тогаш тоа гласно ќе говори дека на големо се работи на нови договори со Бугарија на штета на македонските интереси, идентитетот, јазикот и историјата.

Ајде Ковачевски, охрабри се, одвој се од Заев и прифати ја Декларацијата за Гоце Делчев во Собранието, така се гради национално единство“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче