ВМРО-ДПМНЕ: За цената на струјата одлучува Регулаторната комисија

Од:

За покачувањето на цената на струјата единствено одлучува Регулаторната комисија која е независно тело, чии членови ги избира Собранието. Ниту Владата, ниту ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема никакво влијание и надлежност врз неговата работа, а со самото тоа нема влијание и врз нивната одлука за покачување на цената на струјата.

Се разбира, ВМРО-ДПМНЕ не е среќна што имаме покачување на цената на струјата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски.

Главната причина за покачување на цената на струјата, се потсетува во рекацијата, е барањето на ЕВН која што е приватна сопственост за подмирување на зголемените трошоци што се јавуваат кај оваа компанија кои се резултат на зголемувањето на цената на струјата на светските пазари.

„За потсетување СДСМ е таа која што го продаде Електростопанство Македонија на австриската компанија ЕВН, а ВМРО-ДПМНЕ тогаш не се согласи со таа одлука, се додава во реакцијата и се посочува дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш во рамките на своите можности ќе се труди да презема мерки и проекти кои дирекно им помагаат на граѓаните, како што се зголемување на платите, пензиите, намалување на даноците…“, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал