ВМРО-ДПМНЕ: За 100 дена нашите градоначалници имаат 1.090 проекти од кои 166 капитални, нови булевари, паркови, водоводи, асфалтирани улици

Од:

„Промените што носат иднина веќе почнаа. Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 100 дена работеа да ја оправдаат довербата на своите сограѓани и покрај сите предизвици и проблеми со кои се соочени, и покрај сите долгово кои СДСМ ги остави зад себе имаат и знаење и способност да реализираат проекти. Во изминатите 100 дена реализирани се 1.090 проекти од кои 166 проекти се капитални. Реализирани се 68 проекти во областа на образовната инфраструктура, 33 проекти во градинки, изградени и реконструирани се 206 улици во должина од приближно 100 километри, се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови, а расчистени се 200 диви депонии“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е резултат на посветеност и многу работа. Tоа што СДСМ не сработил значи мотив дека ВМРО-ДПМНЕ треба да работи повеќе и да постигне двојно во интерес на граѓаните.

Во Ѓорче е исчистена најголемата депонија во Ново село, а на истото место ќе се гради нов модерен урбан мега-парк.

Во Бутел коритото на Серава е комплетно исчистено и почнува изградба на нов урбан кеј.

Во Штип пет значајни улици се веќе комплетно асфалтирани.

Во Битола се спроведува огромен проект за реконструкција на 23 улици.

Се решаваат заостанатите обврски на општините за легализација на домовите на граѓаните.

Во Кочани завршен е половина од новиот главен потисен цевкодов од 2,2 километри, а почна изградба на колекторскиот систем за Тркање и другите села.

Во Гази Баба се градат канализации во Страчинци и во Гоце Делчев, Брњарци доби чиста вода за пиење, а се асфалтираа улици во Трубарево, Булачани, Колонија.

Во Гевгелија започна реализацијата на проектот за салата „Партизан“, а во Прилеп набргу започнува создавањето на нови 4.000м2 парковски површини во целиот град.

Во Охрид се гради булеварот „Македонски просветители“, а во Аеродром започна постапка за изградба на три нови градинки.

Овие сто дена се само почеток. Секои наредни 100 дена ќе има нови проекти и решенија за потребите на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски