ВМРО-ДПМНЕ: Време е Владата предводена од СДС да се фати за работа и реализација на ветувањата

Од:

„Време е Владата предводена од СДС и нивните министри да се фати за работа и реализација на ветувањата кои им ги даде на граѓаните наместо да се фали со работи кои се нивна редовна должност и обврска.

Овие обврски ќе се исполнат и без ангажманот на министрите на СДС, бидејќи ова се редовни дневни активности на државната администрација.

Исплатата на социјална помош, пензии, плати, субвенции е редовна обврска на министерствата.

Улогата на министрите е многу поголема, а таа е да ги решаваат проблеми на граѓаните и да реализираат нови проекти.

Не можејќи да се пофалат со нови проекти и мерки кои ги ветуваа во изборниот период, министрите на СДС пуштааат соопштенија за исполнување на редовни обврски.

Во тој контекст очекуваме скоро да се пофалат преку соопштение дека министрите дошле на работа во редовен работен ден, и дека одржале и седница на влада или дека институциите ги отвориле шалтерите благодарение на нивниот труд. Да не е трагичен, би било смешен обидот на СДС да покаже дека нешто работи.

Додека се расфрлаат со фалби за редовни обврски нема ниту збор за долго најавуваните зголемувања на платите.

Граѓаните ја очекуваат минималната плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а лекарите очекуваат плати од 100.000 денари како што СДС вети изборната кампања.

Граѓаните ги очекуваат и најавените 500 километри автопат и 30.000 денари на крајот на годината од поврат на ДДВ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања