ВМРО-ДПМНЕ: Време е СДСМ да се освести

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение домедиумите порачува дека е време СДСМ да се освести и да сфати дека народот нема по никоја цена да дозволи да се продадат државните и националните интереси и оти народот си ја сака својата земја и нема да тргува со неа.

Македонската јавност, се вели во соопштението, во последниот период е сведок како СДСМ се обидува во најкраток можен рок да ја прошверцува тиранската платформа, не бирајќи начин и не размислувајќи на можните последици.

– Криминогениот СДС изврши обид за државен удар, преку газење на Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. СДС ја погази демократијата со обидот нелегално да го прогласи Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. СДС мора да одговара, бидејќи политичко насилство што го изврши резултираше и со физичко насилство, се посочува во соопштениетоод ВМРО-ДПМНЕ.

Се нагласува дека на тој начин СДСМ уште еднаш докажал дека не го интересира ниту народот, ниту државата.

– СДС за да дојде до власт не само што ја прифати тиранската платформа туку грубо го прекрши Уставот, законот и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. На 27 април ја силуваше волјата на граѓаните и го оневозможи правото на дискусија на нивните демократски избраници и надвор од сите процедури се обиде да си избере спикер на тиранската платформа. Криминалецот Зоран Заев издаваше наредби за да се пука во Собранието на Република Македонија. Издаваше наредби да се пука во македонскиот народ, народ кој си ги брани државните и националните интереси. За ова криминалецот Зоран Заев мора да одговара, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски