ВМРО-ДПМНЕ: Вработувањето на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР, покажува дека институциите се користат за вдомување на послушните

Од:

„Вработувањето на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР, покажува дека институциите се користат за вдомување на послушните, ДКСК да го испита случајот. Откако Рамчиловиќ стана пратеник од СДСМ тој ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а сега го вработи и синот како полицаец“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека народ бега од државата зошто не може да најде работа, за послушниците на власта има и по две вработувања од фамилија во иста институција.

Рамчиловиќ да не се вади на бошњачката припадност, зошто има стотици бошњаци кои не можат да дојдат до работа од таквите како него, кои ја злоупотребуваат политиката.

Рамчиловиќ ќе треба да им објасни на сите граѓани, како тој успеал да вработи два члена на неговото семејство додека е пратеник од СДСМ во МВР.

Вработувањето на сопругата, а потоа и на синот во МВР фрла сомнеж дека политиката замешала прсти при вработување. Оттука многу е важно ДКСК да го испита целиот случај“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски