ВМРО-ДПМНЕ: Воведувањето на пет потпретседатели во Собранието ќе значи дополнителни трошоци во буџетот

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната пленарна седница побара втората точка од денешниот дневен ред, предлог-одлуката за одредување на бројот на потпретседатели да се тргне од дневен ред.

„Од една и единствена причина: затоа што како и 2017 година, продолжувате со зголемените обврски и трошоци кои што ги предизвикуваат овие дополнителни функции кои што ги имате,“ истакна Мицевски.

Според Мицевски, несериозна работа ќе се воведеме во сала полна со пратеници ќе се повикаат потпретседатели и нема да знае кој да се сврти во моментов. Тој укажа дека во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани и тој
амандман од страна на власта и собраниското мнозинство не бил ниту разгледан.

„Ние сме против ова расипничко трошење и воведување на 5 потпретседатели кои што со себе повлекуваат 5 кабинети. Знаеме што значат 5 кабинети и колкава е обврската имајќи во предвид дека во изминативе три години господинот Џафери, освен еден потпретседател ниту еден потпретседател не го замени. Ако е само тоа да се задоволат коалиционите страсти јас ве разбирам, меѓутоа неможете пред македонската јавност да кажувате дека се борите за
намалување на трошоците, за намалување на обврските и за зачувување на средства во буџетот,“ додаде Мицевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

ВМРО-ДПМНЕ: Заедништвото е нашата најголема сила

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време