ВМРО-ДПМНЕ: Волјата на народот е јасна, Заев да замине, бидејќи го изгуби легитимитетот

Од:

„Заев го изгуби не само мнозинството во Собранието, туку го изгуби и легитимитетот од народот. Граѓаните јасно и гласно кажа дека Заев мора да престане со својата штетна и деструктивна политика. Оставката која ја најави и пред изборите и после изборните резултати се единственото нешто кое што Заев има шанса да го оствари и на тој начин да стави крај на агонијата во која ја доведе Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Поразот на Заев од 100 илјади гласови е јасен и гласен сигнал дека на Македонија и требаат промени кои ќе почнат со промената на Заев.

Народот бара да престане тонењето на државата, бара да се стави крај на криминалот и корупцијата на власта на Заев, но пред се да се стави крај на тонењето во економската, енергетската и здравствената криза.

Не може Заев, човекот поради кој сме до гуша во сите овие кризи, да биде решение за истите. Неговите лаги, пазарџиство, неодговорност и неспособност направија доволно штета на Македонија.

Заев мора да замине час поскоро, за доброто на Македонија. Тоа е волјата на народот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ