ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ се учеше на српски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Татијана Прентовиќ од СДСМ.

„Потенцираме дека додека СДСМ беше на власт, македонските граѓани учеа од учебници кои беа на српски и хрватски јазик и од застарена литература, додека издаваштво на македонската литература скоро и да не постоеше. Во време кога СДСМ беше на власт ниту имаше преводи на странска стручна литература ниту се посветуваше внимание на македонското издаваштво. Граѓаните на Република Македонија своето високо образование најголем дел го совладуваа од литература која не беше на македонски јазик, а СДСМ ништо не преземаа во врска со тоа“ – велат од партијата.

Оттаму додаваат дека е несериозно денеска кога владата се труди преку преводи на светски книжевни дела, кои би им биле од голема помош како на професорите така и на учениците и студентите, СДСМ неосновано да критикува и да се однесува како воопшто да не им е битно за степенот и квалитетот на образование на македонските граѓани.

„Проектите за превод на врвни светски книжевни дела и врвни светски научни дела се само олеснителна околност за професорите и останатите граѓани, да го збогатат своето знаење кое ќе биде од врвен приоритет за помладите генерации. Исто така не може да не се спомне или да се избегнува издавањето на огромен број дела од богатата македонска книжевност и литература, кое се прави во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт“ – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела