ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ имаше само еден апарат за магнетна резонанца

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на Менде Диневски од СДСМ кој кажа дека здравството е во финансиска криза поради огромните трошења на власта за споменици.

„Безобразно и лицемерно е што Социјалдемократскиот сојуз да дава паушални и несериозни изјави. Посебно е навредувачки поривот постојано да ја потценуваат интелигенцијата на македонските граѓани и да играат на картата дека македонските граѓани кратко паметат. Македонските граѓани се интелигентни, добро паметат и често си ги поставуваат следните прашања:

· Кои болници беа реновирани во времето на Владата на социјалдемократскиот сојуз?

· Колку нови апарати беа набавени за потребите на јавните здравствени установи во Република Македонија и за нејзините граѓани?

· Колку амбулантни возила се набавија за замена на застарениот и дотраениот возен парк?

· Колку нови вработувања се реализираа во јавното здравство со цел подмладување и одржување на кадарот?

· Дали воопшто се зголемија платите на здравствените работници?

· Колкава беше цената на лековите во времето на СДСМ и колкави беа маржите на лековите кои одеа во џебовите на неколку поединци?

· Конечно, колкав беше долгот кога СДСМ ја превзема власта во 2002 година, а колкав беше кога ВМРО-ДПМНЕ ја превзема одговорноста за состојбите во државата во 2006 година.

Факти: долговите во 2002 година, кога СДСМ ја превзема власта беа 890 милиони денари, а во 2005 година, пред крајот на нивното владеење истите нараснаа на рекордни 3,5 милијарди денари. Денес долгот е преполовен. Во 2005 година, од буџетот за здравство се одвојуваа 15,7 милијарди денари и само 0,54% од вкупниот буџет наменет за здравство. Во 2012 од буџетот за здравство се одвојуваат рекордни 27,7 милијарди денари, и рекордни 3,27% од буџетот. Колку била нивната заинтересираност и посветеност на здравството говори токму овој податок- 0,54% од вкупниот буџет наменет за здравство, наспроти денешните 3,27% наменет за здравство. За што тогаш ги трошевте народните пари?

Во време на СДСМ имаше само еден апарат за магнетна резонанца. Денес има 6. Огромна разлика. Во изминатив период, Владата на ВМРО-ДПМНЕ набави нови 12 апарати за компјутерска томографија, 3 ангиографски системи, 5 мамографи, 3 литотриптера, 14 ЕХО апарати за радиологија, 14 4D ЕХО апарати за гинекологија, 32 инкубатори, 32 апарати за анестезија, 37 апарати за механичко дишење, 13 гастроскопски кабинети…

Набавивме 69 нови амбулантни возила и едно возило специјално опремено за неонатален транспорт. Платите се зголемија во два наврати по 10 проценти. Ги намаливме големопродажните цени на 1299 лека, а малопродажните на над 860 лека, каде кај некои лекови намалувањето изнесува и до 70%, а воведовме фиксни маржи на лековите“, се вели со соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски