ВМРО-ДПМНЕ во соработка со НДИ организира семинар чија цел е градење на нови политики и обука на раководството и пратеничката група на партијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Националниот демократски институт (НДИ) организира дводневен настан чија цел е градење на нови политики и обука на раководството и пратеничката група на партијата. Настанот почнува денеска во Струга, а ќе го отвори и на учесниците ќе им се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Крис Хеншоу, директор на НДИ Македонија и Гречен Биркл, заменик помошник администратор за Европа и Евроазија, вршител на должно претставник на Канцеларијата УСАИД, соопштија од партијата.

„Дводневниот семинар се одржува со наслов ,,Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“. НДИ е една од највлијателните политички организации во САД која има долгогодишна соработка со ВМРО ДПМНЕ помагајќи ги во континуитет внатрепартиските процеси на реформи, реструктуирање и подготвување на нови програми“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?