ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС не постои свест за квалитетни проекти

Од:

„Никакви СЈО нарачки нема да му помогнат на Зоран Заев и СДС да ги дефокусираат граѓаните од реалноста во која тие очекуваат од СДС да почнат да работат и да ги реализираат ветувањата кои им ги дадоа.

Заев нема да може вечно да ја прикрива неработењето и неспособноста преку црни кампањи против ВМРО-ДПМНЕ кои ќе му ги води Катица Јанева. Ќе дојде моментот кога Заев ќе биде прашан каде се ветените проекти и мерки. Од голиот популизам, укинувањата, блокирањата и најавите за уривање не се подобрува стандардот.

СДС во текот на изборниот период ветуваше дека ќе го слуша гласот на граѓаните и нивните потреби ќе бидат пред се. СДС сега доби шанса да го стори тоа со граѓанскиот предлог за зголемување на периодот на породилно отсуство за мајките од 9 на 18 месеци. СДС ги изневери очекувањата и ветувањата дека ќе се посвети на граѓанските иницијативи.

ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС има слух за граѓаните и нивните потреби и ја поддржа иницијативата. СДС наместо да се занимава со популизам, треба да покаже општествена одговорност и да го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за зголемување на породилното отсуство, кој е автентично граѓански и носи придобивка за сите идни мајки. Тој е добар и демографски и значи чекор плус во засилувањето на семејните вредности.

Во СДС не постои свест за квалитетни проекти кои го подобруваат животот на граѓаните. Затоа рушат и укинуваат се, без притоа да направат соодветна анализа и да понудат поквалитетни решенија. Укинувањето на Кембриџ програмата ќе биде една од најголемите грешки на СДС, бидејќи истата се применува во над 160 земји во светот и придонесе за зголемување на квалитет на образованието и подобрување на резултатите кај учениците.

Граѓаните наместо криење зад флоскулата „цели кон кои се стремиме“ од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари, а просечна плата од 30.000 денари, а лекарите очекуваат плати од 100.000 денари која СДС им ја вети. Граѓаните ги очекуваат и новите 500 километри автопат, како и 30.000 денари годишно од поврат на ДДВ кое СДС го презентираше како носечки проект во изборната кампања.

Граѓаните видоа како се работи за државата и како се создава и твори за идните генерации. Граѓаните не сакаат теоретизирање и празни муабети , од типот „ќе отвораме дебати“, кои СДС ги практикува. Од ваквиот пристап граѓаните немаат реален бенефит“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовски: Криминалот и корупцијата имаат име и презиме – Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стоилковски: СДСМ нуди исти луѓе со исти лаги, време е да замине во историја

Ана Ололовска

СДСМ: Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ упорно го блокира Законот за наставници и стручни соработници, упорно работи на штета на граѓаните и образованието

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да се разбуди од сонот, сега е 2021 година, а не 2017 година, лагата по втор пат нема да им помине

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Мега скандал и шверцерско носење на ребаланс на буџет во Општина Гази Баба на седница која трае 20 часа, градоначалникот Георгиевски штити криминални интереси

Ана Ололовска

Мицкоски: Мини Шенген не е алтернатива за ЕУ

Ана Ололовска