ВМРО-ДПМНЕ: Во Романија цела влада си даде оставка, а Филипче за 14 жртви вели кабелот е виновен

Од:

„Во Романија цела влада си даде оставка, а Филипче за 14 жртви вели кабелот е виновен. Насекаде во светот после поголема трагедија или несреќа која се случува во определен ресор, министерот, а некогаш и цела влада си дава оставка, само Филипче бега од одговорност и со Заев го обвинуваат кабелот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Многу министри низ светот и функционери кога поднесувале неотповикливи оставки можеле да најдат изговори, но сите имале морал и не го направиле тоа.

Филипче ќе остане запаметен како единствен министер кој после тешка несреќа во ресорот кој го води наместо да понесе одговорност прави театар со лажна оставка.

Филипче треба да знае дека среќата која ја чувствува моментално заради спасената фотелја нема долго да му трае. Одговорност за трагедијата од Тетово ќе има. Колку и Заев да се труди да врши притисок врз органите на прогонот сега, веднаш по ослободувањето на системот од хибридниот режим ќе има одговорност за сите од прв до последен, вклучувајќи го и Филипче“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”