ВМРО-ДПМНЕ: Во никој случај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не може да прават компромиси со јазикот и ликот и делото на Гоце Делчев

Од:

СДСМ во очај единствен спас бараат во лажните вести кои што ги креираат и лиферуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски имаат принципиелен став кој го презентираат секогаш и секаде, а тоа дека поддржувале и ќе поддржуваат се она кое што е во прилог на граѓаните и на Република Македонија.

Но во никој случај ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски не може да прават компромиси со јазикот и ликот и делото на Гоце Делчев кои биле и ќе останат македонски.

СДСМ се обидува на секој можен начин своите погубни национални и државни политики да ги припишува и на други, ама не може. Дури и со медиумски хајки и лажни вести не може да се покрие фактот дека Зоран Заев направи штетни договори со кои го раскрчмува идентитетот на народот, јазикот и државата.

Со тоа мнозинството во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласат.

Казната за погрешните политики, Заев и СДСМ ќе ги стасаат многу скоро и нема да ги спасат лажните вести пишувани и лиферувани од нивните политичко- медиумски кујни.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава