ВМРО-ДПМНЕ: Во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, стигна демант од Бугарија

Од:

„Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден кога се фали СДСМ, демант стигна од Бугарија? Имено, според препораките Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски наместо македонски ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски.

„Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот кој тоне? Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од се што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирли и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава.

Препораките на комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија, со ова Ковачевски и СДСМ свесно се откажува од македонската историја и македонскиот идентитет.

СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава.

Наместо да излегуваат на прес конференции и да даваат паушални изјави, и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ