ВМРО-ДПМНЕ: Во Дрисла се складира опасен отпад кој го загадува воздухот во Скопје, одговорност од Шилегов нема

Од:

„Власта на СДСМ, на чело со Шилегов и Заев свесно ги загрозува животите на граѓаните. Ветувањето на најголемиот неработник Шилегов за решавање на проблемот со загaдувањето на Скопје сеуште не е решен и претставува сериозна закана за здравјето на скопјани“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера имавме јавно признание на Државниот инспекторат за животна средина дека во Дрисла се одложува опасен отпад.

Депонијата Дрисла изминатиот период многу често се палеше и согоруваше овој опасен отпад, а скопјани дишат загаден воздух. Шилегов молчи и се крие. Дали зад ова се кријат бизнис интересите на мафијата на власт.

Заради бизнис интересите и малверзациите во раководењето со депонијата на скопјани со години се трујат со канцерогени честички.

Ова е причината која Скопје со недели беше на врвот на листата на најзагадени градови во светот.

За ова, како што и самиот Шилегов си призна пред повеќе од една година, дека тој ќе одговара заради неисправното работење со депонијата Дрисла.

Уште два месеци останаа од ова неодговорно и криминално владеење на Шилегов. За сите лажни ветувања и за целиот криминал кои го има направено граѓаните ќе му го испорачаат одговорот.

Петре Шилегов за два месеца заминува во историјата на Скопје како најнеспособен градоначалник“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ