ВМРО-ДПМНЕ: Власта со разни манипулации се обидува да не оцрни

Од:

„Со цел да ги покријат криминалите на единствениот политичар аболициран за тежок криминал Зоран Заев, одродената и криминогена власт со разни манипулации се обидува да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ.

Освен општ грабеж, крими картелот организиран од Зоран Заев за половина мандат испорача само лаги и системски ја уништува македонската економија.

Граѓаните неодамна беа сведоци дека криминалниот картел се обиде да украде цели 45 милиони евра преку Министерството за здравство и Фондот за иновации. Тоа е криминал кој не застарува и за кој ќе одговара бандата на власт.

Фондот за иновации го претворија во фонд за финансирање на фирми блиски до СДСМ и фирми на функционери од СДСМ.

Заеви, Анѓушев, Локвенец, Цветанка Ласкова и останатите потрчковци на аболицираниот криминалец Заев за само една година успеаја да направат ршум низ институциите и заработија милиони.

Јавното Обвинителство молчи за овој скандал и не поведе постапки против сите инволвирани во скандалот „Криминални иновации”. За сите овие скандалозни поделби на пари треба да се одговара. Додека граѓаните немаат леб да јадат, Заев заедно со фамилијата и најблиските соработници се богати на грбот на народот.

Освен тоа, Заев и картелот околу него кои отворија фирми низ Македонија како од шега. Прво го купија по цена како за еднособен стан струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, па камионите на Заеви почнаа да возат за РЕК Битола, а откако видоа дека и тоа им е малку влегоа во милионскиот бизнис со марихуана. Во меѓувреме си делеа концесии за глина, пренаменуваа градежно земјиште, си делеа криминални иновации и земјиште за хидроцентрали.

Портпаролот и пратеник во Собранието на Република Македонија, Костадин Костадинов ја вработил мајка му Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица.

Ваквото владеење на СДСМ е неиздржливо. Со секој поминат ден со СДСМ на власт државата дополнително тоне задолжување, криминал и непотизам. Колку СДСМ побргу си замине толку Македонија ќе успее да го фати вистинскиот правец“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот