ВМРО-ДПМНЕ: Власта се обидува да заташка кои други функционери биле вклучени во „Рекет“

Од:

„Единствено што власта реализираше овие три години се рекетираните торби со пари тешки милиони евра.

Злоупотреби на службена положба, мито и корупција, помагање и прикривање на криминалот со импровизирани истраги, обвинители и судии во служба на владата, се ликот и делото на оваа влада.

Кој од владата му прати порака на Бојан Јовановски и во чии раце завршија милионските суми од рекетот, се прашањата за коишто се чини не смее никој да одговори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта се обидува да заташкува кои други функционери биле вклучени во криминалната мрежа за случајот „Рекет“.

Со десетиците коруптивни и криминални случаи, Македонија стана мафијашка држава каде владеат рекетарите и криминалците.

Никој не сака да живее во држава каде нема никаква сигурност, а правдата е недостижна.

Русковска одби да затропа на вратата на Илинденска иако таму се наоѓа главата на криминалниот октопод, па за да ги заштити функционерите на власт ја затвори истрагата.

Пет месеци поминаа, а јавноста сеуште се прашува каде е торбата Луј Витон и службената белешка којашто требаше да ја приложи Заев?

Празната реторика и лажната желба за реформи во судството се одлика на оваа крими влада.

На планот за животот со рекет му доаѓа крај. Заев да не бега од избори туку да се соочи со одговорност пред граѓаните. Правдата ќе ја стигне оваа криминална власт на 12-ти април“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава