ВМРО-ДПМНЕ: Власта сака со притисоци и заплашување врз пратениците да изнуди поддршка за предавствата

Од:

„Власта сака со притисоци и заплашување врз пратениците да изнуди поддршка за предавствата, ВМРО-ДПМНЕ не се плаши и нема да им помине. Случајот со палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристески од Прилеп е класичен обид за заплашување на пратениците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ владее со криминални методи, кои одамна се прочитани. Никој повеќе не им се плаши, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржат Уставни измени без разлика колку и СДСМ и нивните бандити да притискаат.

МВР наместо да се занимава со казнување на народот кој протестираше против нивните предавства, нека ги пронајде и санкционира организаторите на палењето на автомобилот на пратеникот Ристески. Или не смеат да го пронајдат?

Власта треба да знае дека предавствата нема да им поминат. ВМРО-ДПМНЕ е гарант за македонските национални интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски