ВМРО-ДПМНЕ: Власта прави се за да дефокусира од трагедијата во Тетово, фактот што не понесуваат оставки остава сомнеж дека нешто кријат

Од:

„Власта на СДСМ и ДУИ на секаков начин сакаат да ја забошотат трагедијата во тетовската модуларна болница во која живи изгореа 14 пациенти и да ја дефокусираат јавноста од оваа тема. Затоа излегуваат наводно бугарски нон -пејпери, затоа се пуштаат аудио материјали, затоа отвораат прашања за кои имале години наназад да ги решат, на крајот затоа Заев дава и анационални и антидржавни изјави со кои ги навредува историјата и идентитетот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Буквално оваа власт е подготвена на се, само да не понесе одговорност. А причини, поради кои Заев, Филипче, СДСМ и ДУИ треба да понесат одговорност, има многу.

Модуларната болница била градена според тендерска постапка на министерството за здравство, со спецификација за материјали, кои видовме како изгореа за неколку минути. Ниту имало апарати за гаснење пожар, ниту имало систем за рана детекција, ниту пак имало надзор на изградбата на објектот.

Фактот што Филипче и другите одговорни не понесуваат морална одговорност и оставки остава огромен сомнеж дека тие по секоја цена се задржуваат на функција за да може да прикријат нешто или да влијаат врз истрагата. Тие може да бегаат, но нема да избегаат. Правдата и одговорноста ќе стаса“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ