ВМРО-ДПМНЕ: Власта пак ја изненади почетокот на учебната година – криминални тендери не забораваат, ама учебници за децата за жал да

Од:

„Министерот за образование е целосно одлепен од реалноста. Неговата изјава дека ја почнуваат учебната година поподготвени од претходните би била смешна да не е трагична. Почетокот на учебната година повторно ја изненади неспособната власт на СДС и ДУИ. За жал први септември ќе го дочекаме без учебници, без свидетелства за завршена претходна година, без главни книги за наставниците и многу други пропусти. Целосна неподготвеност. Очигледно оваа власт е зафатена со криминалот и корупцијата затоа се случува распад систем во секоја област. Најстрашно е што неспособноста и криминалот на власта паѓа на грбот на учениците, наставниците и родителите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Учебната година почнува без испечатени учебници за децата во прво, второ, четврто и петто одделение. Тоа е срамно и бедно. Власта која не пропушта навреме за себе да си набави службени возила, мебел, шкампи, виски и октоподи, не обезбедила навреме учебници за учениците.

Очигледно криминалот е врвниот приоритет на оваа влада. Со учебниците прават пиши бриши, укинуваат предмети, тераат матни набавки и за жал ги забораваат најмладите. Уништувањето на образованието како да е целта на оваа власт, бидејќи дерогирање на образованието води кон забрзано уништување на државата.

Ова мора да престане, а најдобар начин е оваа антимакедонска власт предводена од СДС да си замине од власт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски