ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев неспособна дури и свидетелства да подели

Од:

„Апсолутната неспособност и неодговорност на Мила Царовска создаде целосен хаос во образованието. Учебната година на Царовска како министер ај што почна со доцнење од еден месец, ај што немаше ништо од помпезно најавуваната национална платформа за онлајн учење, ај што ги лажеше граѓаните за наводен фински концепт за да го оправда укинувањето на историјата како посебен предмет, ај што диктаторски се обидува да наметне антиреформи и измени на закони, спротивно на мислењето на јавноста и експертите, на крајот на годината и се случи најголемиот скандал“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено оваа година наместо во јуни свидетелства ќе се делат до почетокот на идната учебна година. Како ја почна учебната година, Царовска така и ја заврши, со тотален дебакл.

Да биде скандалот поголем дел од училиштата им наплаќале да учениците за свидетелства, што е спротивно на законот кој предвидува бесплатно основно и средно образование и покажува дека некој прави бизнис на сета мака на учениците и родителите кои ја видоа оваа година со неспособната власт на Заев и катастрофалната Царовска.

Нема свидетелства, нема пасоши, нема регистарски таблици, нема возачки дозволи, нема ништо за граѓаните. Граѓаните станаа граѓани од втор ред, а елитата на власт користи секакви привилегии. Тоа мора да престане, мора да победи концептот Македонија за сите луѓе, а ликовите како Заев и Царовска да понесат одговорност за своите политики“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ