ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ во кризи потрошила 2,5 милиони евра за набавка на возила, а уште неколку милиони за цвеќиња, кафиња и хотелски услуги

Од:

„Владата на СДСМ и ДУИ во услови на кризи и сиромаштија потрошила над 2,5 милиони евра за набавка на автомобили. Најголем дел од тие нови службени возила се со цени над 30 илјади евра. Буквално додека народот нема пари да стави гориво, власта на СДСМ и ДУИ со народни пари купува луксузни возила и потоа пак со народни пари ги развозуваат“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта тврди дека за кризата знаела од ноември месец минатата година, а токму во тој период потрошиле милиони евра за непродуктивни трошоци и луксузи. Гледаме дека освен за нови службени возила, трошеле и за хотелски услуги, кафиња, жардињери, мебел, цвеќиња, а во исто време лицемерно бараат од граѓаните да штедат.

Власта на СДСМ и ДУИ се тотално одлепени од реалноста, едно зборуваат, друго прават. Сигурно своите семејни буџети не ги трошат вака бескрупулозно како што тоа го прават со народните пари од државниот буџет. Овие милиони наместо за аздисување на власта, можеа да завршат во поддршка на компаниите, стопанството, граѓаните, студентите, пензионерите, земјоделците“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски