ВМРО-ДПМНЕ: Власта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за да има власта што да краде

Од:

По неколкуте купување на скапа струја, склучен е нов договор за набавка на струја за 10 дена во вредност од над 12 милиони евра. Доколку оваа сума се собере со претходните 11 милиони евра потрошени за струја, и 15 милиони кои ги плативме кон европската енергетска мрежа доаѓаме до сума од над 38 милиони евра, пари кои државата ги потроши за купување на скапа струја, а зимата календарски не е ниту почната велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Струја се купува затоа што нема домашно производство, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите. Неспособноста за слабиот менаџмент со енергетските претпријатија ја плаќаат граѓаните од чии џебови се одвојуваат овие тешки милиони за да се купи струја, за подоцна и таа скапо платена струја некој од власта да ја краде за копање на биткоини. Со оваа власт системот не функционира. Не чека енергетска криза од невидени размери и оваа власт не знае како да се справи. Затоа потребни се промени, брзи избори, а потоа и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски