• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја силува парламентарна демократија во Македонија со законски решенија спротивни на интересите на граѓани

by А1он10/02/2020 - 09:52190
Share0

„Власта на шеверцерски и криминален начин ја силува парламентарна демократија во Македонија наметнувајќи законски решенија кои се спротивни на интересите на македонските граѓани.

Добивај вести на вибер

Гласот на пратениците и граѓаните кои ги претставуваат е злоупотребен, правото и правдата се на распродажба, а се повторуваат сите оние немили сцени кога се купуваа, уценуваа и притискаа пратениците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев заедно со неговата криминално рекетарска банда преку новото законско решение за законот за обвинителство се обидуваат по секоја цена да издејствуваат амнестија за криминалите кои тој и неговата банда ги сторија изминатите 3 години.

Новиот закон кој на сила власта сака да го донесе, ќе ги амнестира фунцкионерите кои се богатеа на грбот на граѓаните, преку криминални тендери и грантови. Ќе ги амнестира сите оние зделки во 4 очи, зделки при кои беа злоупотребени парите на граѓаните.

Зоран Заев е свесен дека по 12 април неговата политичка кариера е завршена. Тој се плаши од реформирано и професионално обвинителство кое ќе ги процесуира сите негови криминали, поткупи, рекети, закани и злоупотреби.

ВМРО-ДПМНЕ апелира новото законско решние да го креираат експерти бидејќи само така во Македонија може да се врати правдата и да завладее правото. Само закон позади кој стојат експертите и правната фела може да ја доближи нашата држава до Европската Унија и да обезбеди подобро утре за сите нас.

После 12 април нема веќе амнестија за криминалот. Со обновата на Македонија, почнува одговорноста за стореното и еднаквоста пред законите.
Зоран Заев никогаш повеќе“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен