ВМРО-ДПМНЕ: Власта и институциите наместо да ги гонат, тие се ортаци со најголемите криминалци и наркобосови во државата

Од:

„Додека МВР на Оливер Спасовски се фали со нешто што никој не го гледа и чувствува, во сред Скопје, на само 300 метри од центарот на главниот град се случува филмско убиство, пасоши се делат на светски криминални босови, криминалот цвета. Сето ова и се случува заради тоа што првите луѓе во државата и институциите шеруваат и се ортаци со кримилците и наркобосовите во Македонија, наместо да ги гонат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште еден во низата на криминалци под заштита на власта е Самед Мисини од Ласкарци. Поточно ова лице е близок пријател на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и за тоа е целосно заштитено од кривичните дела кои изминатиов период ги има извршено.

Мисини сред бел ден, во населено место пука со огнено оружје и за ова постои видео на кое јасно се гледа кривичното дело за кое МВР на Оливер Спасовски досега нема превземено никакви дејствија. Тој се поврзува и со други кривични дела, како што се насилство на избори за бркање на гласачи и набљудувачи, како и за физички напад на бизнисмен. Овој инцидент се има случено токму во кабинетот на поранешниот градоначалникна град Скопје, Петре Шилегов.

Неместо Мисини да биде во затвор тој е чест гостин во кабинетот на директорот на БЈБ, Тасевски. За сите овие дела на Самед Мисини нема покренато никаква постапка и тоа само заради блискоста со Сашо Тасевски, човекот кој е најодговорен за јавната безбедност во Македонија.

Целосен молк од страна на МВР, Спасовски и Тасевски на прашањата кои беа поставени за ова лице и неговите кривични дела.

Се додека СДС и ДУИ се на чело на државата, Македонија ќе тоне во криминал и корупција. За тоа се потребни избори за што побрзо овие криминалци заминат во историјата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На сооштението на ВМРО-ДПМНЕ реагираше СДСМ.

„Со судски пресуди е потврдени криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, партија која со судска одлука е потврдено дека е злосторничко здружение. Оттука ортаците на криминалот е јасно дека се во Белиот дворец, исто така со судски одлуки докажано дека е стекнат на криминален начин, врз грбот на граѓаните“, реагира СДСМ.

„Бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ВМОР-ДПМНЕ со нивни јавни признанија, кажуваат до кој степен е криминогена партија и кои се ортаците.

За работата на полицијата денеска говорат бројките кои покажуваат за 31% намалување на стапката на криминалитет и намалување на бројот на кривични дела“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина