ВМРО-ДПМНЕ: Владеењето на СДСМ е класичен пример за несовесно работење

Од:

„Владеењето на СДСМ е класичен пример за несовесно, расипничко и криминално работење на една влада. Навиките и модусот операнди кој Заев го имаше додека беше градоначалник на општина Струмица го пренесе на Илинденска бб, каде го инсталираше својот криминален картел. Скандалите поврзани со мито, корупција, хедонизам и непотизам секојдневно ја тресат македонската јавноста, а во нив се вмешани високи државни и партиски функционери на СДСМ.

Државните функционери на СДСМ во изминатиот период покажаа дека ја третираат државата како своја лична сопственост. Службените автомобили станаа лично превозно средство кое семејството на функционерите го користи за одење на годишен одмор, а армиските хеликоптери станаа такси служба за високи претставници од министерството за одбрана до и од кафеана. Ова се класични примери за расипништво и хедонизам на државната сметка со парите на граѓаните од страна на локалните шерифи од СДСМ.

Злоупотребата на службена должност стана општа пракса во државата. Криминалните тендери и грантови станаа начин Заев да ги врати долговите кон своите соработници, а продажбата националните и државните интереси шанса за дефокусирање на јавноста од општиот грабеж кој го спроведува СДСМ во Македонија. Злоупотребата на државните ресурси од страна на СДСМ за задоволување на своите лични потреби само ја оддалечува Македонија од своите евроатлански аспирации и ниеден капитулантски договор оваа штета не може да ја надомести.

Заев залудно се обидува да го продаде името, историјата, јазикот, традицијата и културата кога оние функционери кој тој ги поставил користат армиски хеликоптери за да одат по ручеци, а службените возила на полицијата служат како автобуси од туристичка агенција.

За на ова лудило да се стави крај тој и останатите членови на неговиот картел мора да заминат од политичката сцена во Македонија. Политичката пензија на Заев и неговата клапа е единствена шанса за спас на Македонија. Неговото заминување од политиката ќе значи спас за името на државата, стоп на расипничкото трошење на парите на граѓаните, враќање на правдата во државата и враќање на патот на евроатланските интеграции. Неговото заминување ќе значи Победа за Македонија!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање