ВМРО-ДПМНЕ: Владата уште во првиот месец прави криминал

Од:

„СДСМ со незаконското назначување на директори прави криминал. Согласно законот се што тие ќе потпишат, направат и изготват е незаконски. Владата уште во првиот месец прави криминал.

Од владата на СДСМ има целосен и апсолутен молк во однос на грубото прекршување на законите со незаконското именување на функционери на повеќе државни институции.

Владата на шверцерски и илегален начин сака да протурка некомпетентни кадри кои треба да раководат со институциите.

Таков еклатантен пример е со предлогот на владата до собранието спротивно на закон за директор на агенцијата за државни службеници да се именува член на највисокиот партиски орган на СДСМ.

Спасе Глигоров е предлогот на владата на СДСМ, а тој е воедно и член на Извршниот одбор на СДСМ.

Членот 16 став 1 од законот за државни службеници е јасен, цитирам- директор на агенцијата за државни службеници не смее да биде лице кое е член на органите на политичка партија.

Со неговото предложување владата на СДС го крши законот и наместо професионализација сака да спроведе груба партизација на администрацијата. Дополнително непостои никаков законски основ за отповикување на досегашниот директор согласно законот за државни службеници. СДСМ спротивно на закон предложува за директор на Агенцијата за службеници партиски војник за да им ја врши грубата партизација на администрацијата.

Законите и процедурите не се испочитувани и преку назначувањето на директорите на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, управниот инспекторат кој е задолжен да ги штити процедурите кои СДСМ ги крши на големо.

Ниту еден од споменатите, и за оние кој согласно закон е предвидено задолжително познавање на јазик, нема приложено сертификат. Разрешувањата се направени без претходен оглас.

Ветуваа транспарентност, добивме самоволие, ветуваа законитост, добивме шверцерско непочитување на законите, ветуваа професионалци, добиваме партиски војници.

Бараме итно повлекување на незаконските одлуки на владата и почитување на законите“, изјави Емилија Александрова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните