ВМРО-ДПМНЕ: Владата тукушто спроведе слободни избори и планира истото да го повтори по 4 години

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тукушто спроведе слободни, фер, мирни и демократски избори кои беа ефективно и професионално спроведени и планира истото да го повтори кога за тоа ќе дојде законскиот и уставен рок по 4 години, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја отфрла секоја можност за прифаќање на барањето на СДСМ со кое се бара формирање на техничка влада која ќе се фокусира на спроведување на избори. Инаетот на СДСМ кој излезе од фрустрацијата од поразот само ќе и направи штета на земјата и нејзините два милиони граѓани, како и на самата СДСМ, се наведува во соопштението.

Се посочува дека секој е одговорен за своите постапки и оти Зоран Заев треба да прифати дека мнозинството граѓани немаат доверба во него за да биде премиер и тој нема да може со сила и измачување со нови предвремени избори да ги натера луѓето да го поддржат и да му веруваат. Штетата, според ВМРО-ДПМНЕ, која ќе дојде од неговото делување, граѓаните ќе ја преточат во уште поголемо негово отфрлање на следните редовни избори.

-СДСМ со своите чекори продолжуваат да ја срамат Република Македонија, а тоа се потврдува со самото тоа што ниту еден европски функционер не ја поддржа ваквата погубна политика, се наведува во соопштението, и се додава дека повеќе од јасно за нив е дека СДСМ работи за Македонија да ја изгуби препораката од ЕУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618