ВМРО-ДПМНЕ: Владата останува посветена на унапредување на квалитетот на образованието

Од:

Владата предовдена од ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветена на унапредување на квалитетот на образовниот систем во земјата, како од аспект на воспитно образовниот процес, така и од аспект на инфраструктурните услови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на прес-конференцијата на СДСМ.  

Во неа се додава дека развојот на образованието е еден од клучните приоритети во работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а за тоа, како што стои,  доволно говори  податокот дека од 2006 година до сега, буџетот наменет за оваа сфера е зголемен за 67 проценти.

– Во овој период, изградени се нови 45 основни и 5 средни училишта, а реконструирани се 230 основни и 80 средни училишта за што се вложени повеќе од 2,2 милијарди денари. Изградени се 41 училишна спортска сала во вредност од 1,2 милијарди денари, набавени се компјутери и дополнителна информатичка опрема за сите ученици и наставници. Веќе 6 години по ред се обезбедуваат бесплатни учебници за учениците, кои во времето на СДСМ родителите ги чинеа многу пари, а за што оваа Влада досега одвои повеќе од 35 милиони евра, обезбеден е бесплатен превоз за учениците кои живеат на повеќе од 2 километри од училиштата, обезбедени се бројни нови можности за стипендирање на учениците, стои во реакцијата.

Од партијата посочуваат дека сите досегашни, ветени и реализирани проекти, мерки и активности, кои не може да ги оспори ниту една политичка партија, како и поддршката од јавноста во тој дел, се мотив повеќе да продолжат со нивните континуирани заложби во рамки на еден од клучните програмски приоритети.

– Ќе продолжиме да ги поддржуваме единиците на локалните самоуправи и покрај тоа што образованието е децентрализиран процес. Редовното и навремено исплаќање на блок дотациите, кои се дефинираат на почетокот на секоја година и чиишто износи, ќе продолжи да се зголемуваат зависно од буџетските можности, се наведува во писмената реакција и се додава дека исплатата на блок дотациите од почетокот на оваа календарска година е во целост реализирана.

Според ВМРО-ДПМНЕ залуден е обидот на СДСМ, состојбите во образованието да ги претстави како катастрофални, затоа што сите инвестиции кои оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ досега ги вети пред граѓаните, се остварени или реализацијата е во тек и конечно, тие се видливи и мерливи.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ