ВМРО-ДПМНЕ: Владата не смее да склучува штетни договори за државата и народот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати критики до Владата за нетранспарентност околу договорот за добрососедство со Бугарија порачувајќи и дека не смее да склучува договори, како што наведува во соопштение, на штета на македонската држава и народ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, на околу месец до потпишувањето на договорот со Бугарија, премиерот Зоран Заев одбива да ги запознае македонските граѓани, одвивајќи го целиот процес нетранспарентно, без да ги консултира експертите и граѓаните преку дебати и јавни расправи, како што ветувал дека ќе прави за секое позначајно прашање.

– Заев многу одамна рече дека е спремен да ја свитка кичмата на Mакедонецот, за сега тоа го гледаме на дело. Заев од Софија ја обвини Македонија дека ширела национализам и омраза, но не најде ниту еден збор да го осуди национализмот на Божидар Димитров насочен против нашата држава, кој кажа дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и дека исполнувањето на договорот кој Заев го усогласил ќе значи крај на македонизмот. Што содржи договорот со Бугарија, што според Димитров би значело крај за македонизмот. Што знае Димитров, а македонските граѓани не знаат? Што крие Заев од граѓаните, што толку ги возбудува бугарските националисти, кои се воодушевени од изјавите на Заев дека бугарскиот и македонскиот народ се исти, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев од Бугарија, се додава во соопштението, плукна и по сопствената историја, велејќи дека ќе има бришење на одредени термини од учебниците по историја, без притоа да каже кој ќе одлучува што ќе биде бришено.

– ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека Владата на Република Македонија не смее да склучува договори на штета на македонската држава и народ. ВМРО-ДПМНЕ е за добрососедство со сите соседи и ќе поддржи се што е во знак на унапредување на взаемната соработка, но ништо што е на штета на државата, нејзиниот идентитет, јазик, култура и историја, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава