ВМРО-ДПМНЕ: Владата наместо да вработи лекари и да им зголеми плати, ја приватизира итната помош за ќар на поединци

Од:

„Владата наместо да вработи лекари и да им зголеми плати, ја приватизира итната помош за ќар на поединци. Власта низ мала врата сака да протурка законски измени за приватизација на итната помош. И од тоа ќар ќе имаат само поединци“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Апсурдни се тезите на СДСМ дека тоа ќе биде само во реони кај што нема итна помош. Ако на приватен стопанственик му се исплати да купи возила, са вработи и плаќа лекари, даноци и да има профит, тогаш зошто државата не го направи истото, и наместо профит, парите од истиот ќе завршат за поголеми плати.

Заев и Ковачевски не можат да ја убедат јавноста дека за државата не е исплатливо отворање на итна помош каде што ја нема, но затоа ќе биде исплатливо за приватен инвеститор.

Наместо да гледаат да го наполнат џебот на лице блиско до Заев и Ковачевски, од СДСМ да го повлечат законот, зошто профитот за кој се пазарат не е од парите на Заев и Ковачевски, туку од буџетот на народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ