ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ протнувала незаконски права за градење, за скапи подароци

Од:

„Владата на СДСМ протнувала незаконски права за градење, за скапи подароци. Драги Рашковски како генерален секретар на влада на седница на влада потурил незаконско барање за градење во Гостивар на фирма, иако таа немала позитивно мислење од Комисијата при Министерството за транспорт и врски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„За ваквото незаконско дејание на Рашковски постои сомнеж дека истиот преку неговата сопруга добил луксузен спортски автомобил Доџ Вајпер, во вредност од над 50.000 евра, кој пак во неговиот анкетен лист бил пријавен со вредност од 5.000 евра.

Автомобилот сопругата на Рашковски го стекнала со купување од лице кое од фирмата за која Рашковски го потурнал незаконското барање го набавил за 5.000 евра, односно 10 пати помалку од реалната вредност.

Постојат огромни сомнежи за корупција на Рашковски. Но и се поставува прашањето дали само тој е примател на потенцијален поткуп, или се вмешани и други лица од врвот на власта. Институциите наместо да молчат, да реагираат согласно закон“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му