ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ не штеди, туку нема капацитет да реализира ниту еден проект од полза на граѓаните

Од:

„Доколку Владата на СДСМ продолжи со исто темпо да ја манипулира јавноста, во наредните 10 месеци државата ќе потоне уште 30-тина места на листата на Транспаренси за нивото на корупција, ќе се задолжи уште милијарда евра и ќе ја банкротира економијата.

Владата на СДСМ е најнеспособната во историјата на независна Македонија. Нула проценти економски раст, нула денари странски инвестиции, нула километри нов автопат.

Доколку сакаат каква било споредба со власта на ВМРО-ДПМНЕ од 2014 година не треба да кријат од јавноста дека тогаш во време на економска и политичка криза, ВМРО-ДПМНЕ обезбеди раст на економијата од 2.9%.

Владата на СДСМ не штеди, туку нема капацитет да реализира ниту еден проект од полза на граѓаните. Оваа власт има најниско ниво на реализација на капитални инвестиции. Вкупниот нето долг бележи зголемување за 566 милиони евра.

Овие катастрофални показатели не може да ги покрие ниту една бледа прес конференција. Ниту една бледа прес конференција за наводна транспарентност, не може да ја прикрие информацијата дека двајцата функционери за кои Заев тврдеше дека има сомненија за криминал, сеуште се заштитени.

Граѓаните директно ги чувствуваат негативните ефекти од владеењето на СДСМ и цунамито за македонската економија Заев-Анѓушев-Тевдовски.

Празни прес конференции не помагаат за да се покријат ветувањата за просечна плата од 30.000 денари и повисоки пензии.

Многу зборови, ниедно дело. 10 месеци стагнација и безнадежност“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Роберт Поповски.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски