ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ и министерот Филипче целосно го уништија здравствениот систем

Од:

„Владата на СДСМ заедно со министерот за здравство Венко Филипче за овие три години целосно го уништија здравствениот систем во државата.

Не направија ништо за домашната и итната медицинска помош, па сега одлучија пред избори се фалат со набавки на амбулантски возила, иако итната медицинска помош посебно во подрачјето на Скопје беше преполовена.

Граѓаните не добија ништо од тоа што им беше ветено од страна на СДСМ пред да дојдат на власт.

Освен доцнење на услуги, несоодветни услуги поради заминување на медицински персонал, граѓаните не добија ништо друга од оваа ненародна влада.

За сето ова СДСМ и Филипче ќе одговараат. Ќе одговорат за поразите, измамите и криминалите од нивна страна. По 12 Април следува обнова на Македонија и одговорност за нивното „работење“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на министерот Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче