ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС во буџетот доби 130 милиони евра

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја демантира изјавата на премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју со уредници на медиуми дека во буџетот се останати шест милиoни евра и дека јавниот долг е над 50 проценти од БДП.

– Заев излажа дека во буџетот се останати само 6 милиони евра. Неговиот министер за финансии се пофали дека на 5 јуни се исплатени околу 77 милиони евра од буџетот на име на субвенции, стипендии и пензии. Вистината е дека новата Влада на СДС во буџетот доби 130 милиони евра, освен ако Заев не сакаше несвесно да признае дека 124 милиони евра мистериозно исчезнале, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Неточен, според партијата, е и податокот на Заев дека јавниот долг изнесувал над 50 проценти од БДП, а дека скриениот долг изнесувал над милијарда евра.

– Фактичката состојба гласи дека јавниот долг на 30 април година изнесувал 45,9 отсто. Со овие паушални бројки и лаги, Заев и практично го загрозува кредитниот рејтинг на Република Македонија и ризикува кредиторите во иднина да бараат повисоки каматни стапки, наведува ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека Заев манипулира и дезинформира наместо да ги исполнува ветувањата што ги дал пред избори.

Опозициската партија демантира и дека со Заев разговарале на темата амнестија. – Заев лажеше дека кој било од ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДС побарал каква било амнестија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ и наведува дека Заев „ги релативизира сите прашања и бега од конкретни одговори и одговорност“.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела