А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС крати средства за градинки, пензионерски домови и дневни центри за деца со посебни потреби

by А1он01/08/2017 - 15:51121
Share0

„Владата на СДС ја покажува својата негрижа и неработење.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тие наместо да се грижат за социјалните групи кои се на маргините тие се водат од тесно партиските интерси. Министерката за труд и социјална политика го покажа свое лицемерие, до пред неколку месеци ветуваше брда и долини, а сега ни збор не споменува од покачување на социјалната помош.

Владата на СДС спроведе ребаланс на буџет од кој јавноста виде дека ќе се зголемуваат ставки за договорни услуги, ќе отвора простор за партиски вработувања, но затоа ќе крати средства за градинки, пензионерски домови и дневни центри за згрижување на деца со посебни потреби.

Почитувани уште еднаш се потврди правилото дека СДС ветува едно во опозиција друго прави на власт.

Следете a1on на Youtube YouTube

Разликата е очигледна, тие се целосна спротивност на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма јасно вети дека ќе ја покачува социјалната помош за ранливите категории граѓани за 10,6% на годишно ниво, односно секоја година покачување за нови 10,6%. Тоа значи дека ако ВМРО-ДПМНЕ беше на власт оваа 2017 година примателите на социјална помош ќе добиеа поголема социјална помош за 10,6%.

Тоа е вистинската грижа и одговорност која граѓаните сакаат да ја видат и од СДС.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период од 2006 до 2016 ја покачи социјалната помош за околу 70%. ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветувало тоа и го остварувало. Така ќе биде и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ како еден од своите врвни приоритети го има подобрувањето на животниот стандард, подобрувањето на условите за живот и намалувањето на социјалниот ризик за примателите на социјална парична помош.

Жалиме што СДС и министерката Царовска не покажуваат интерес за оваа група луѓе односно граѓани. Нивната неодговорност и неспособност не ветувааат дека ќе ги зголемат социјалната помош, платите, пензиите за граѓаните.

Впрочем ако им беше тоа намерата, тие тоа досега ќе го направеа, барем преку ребалансот на буџетот. Наместо за потребите на граѓаните тие се фокусираа на партиските вработувања, на ангажирање на шарени револуционереи, твитер ликови и слични партиски поддржувачи на СДС“, изјави Невенка Стаменковска.

dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео