ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ местела милионски тендери во РЕК Битола преку нивна омилена компанија, неспособноста завршува со нив

Од:

За да одиме напред мора да ја знаеме фактичката состојба, што е оставено од претходно.

Одговорот е руинирани институции, корупција и криминал, омилена работа на претходната власт била местење тендери.

Во низата скандалозни тендери се и оние во РЕК Битола. Спорни и според Државната ревизија се тендерите во РЕК Битола што ги доби Марковски компани на чело со сопственикот Борче Марковски почесниот конзул на Белорусија во земјава.

Ревизијата утврдила дека биле спроведувани постапки во РЕК Битола со договарање во четири очи без јасно дефинирани критериуми, нееднаков третман на компаниите и расипничко користење на јавните средства.

При една набавка одбиена е компанија која нудела подобри услови, а била избрана Марковски компани, во друга пак се глумело конкуренција за битолската компанија на конзулот да ја задржи високата цена.

Марковски компани основана во 2020 година со паричен влог од 2500 евра била особено омилена на СДС и ДУИ за делење на тендери. Ваквата Македонија ќе ја смениме. Неспособноста завршува со нив, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град попладнево зафати повеќе делови од земјава

Три реформски закони поминаа во прво читање, додека Законот за инспекциски надзор е целосно усвоен во Собранието на Република Македонија

Општина Центар: Профит коалицијата ДПМНЕ и ЗНАМ оркестрирано ја почнаа кампањата против Герасимовски, сметката ќе ви ја испорачаат граѓаните на изборниот ден