ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС ги крати парите за изградба на пензионерски домови и домови за стари лица

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Владата на СДСМ удира врз интересите на старите лица и пензионерите и оти со новиот ребаланс ги укинува предвидените пари за изградба на пензионерски домови и домови за стари лица.

Жаклина Пешевска денеска изјави дека се кратат 28 милиони денари со кои меѓу другото требаше да се отпочне и со изградба на домот за стари лица во Гази Баба.

– Владата ги укина овие средства со кои требаше да се почне со изградба на домот со предвиден капацитет од 170 лица. Овој дом беше наменет за најранливата категорија стари лица, односно за стари лица без приходи и материјално необезбедени стари лица, исто така стари лица со ниски приходи, болни и изнемоштени. Беше предвидено да се гради во Општина Гази Баба, за што веќе има донесено ДУП и веќе има изработено проект. Домот требаше да биде со површина на објект 4.723 метри квадратни на градежна парцела од 1.543 метри квадратни. Објектот беше предвиден да биде со подрум, приземје и 5 ката исто така и подземна гаража од 1.200 метри квадратни, истакна на прес-конференција Пешевска.

Таа додаде дека ништо од ова нема да се реализира поради, како што рече, погубната политика на СДС.

Според неа ова значи дека еден сосема современ и објект за згрижување стари лица според сите современи стандарди нема да се гради поради тоа што на СДС му се побитни договорните услуги, набавката на морски плодови, цвеќиња, октоподи и партиски вработувања.

Проектот, како што истакна, беше долгогодишно барање на Сојузот на пензионери и со овој потег Владата на СДС целосно ги погази ветувањата за грижа кон пензионерите.

Додаде дека СДС ги блокираат, уништуваат, стопираат или забрануваат проектите кои се во директен интерес на граѓаните.

– Сите граѓани, меѓу кои и пензионерите и старите лица веќе на свој грб почнуваат да го чувствуваат целото лицемерие на СДС и на Зоран Заев. Нивната неспособност, нивниот недоволен капацитет и нивното незнаење се повеќе излегуваат и ќе продолжат да излегуваат на површината, а за жал ќе биде на штета на државата и граѓаните, истакна Пешевска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања