ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС е се само не е одговорна и услужна како што тврди Јован Митровски

Од:

„Владата на СДС е се само не е одговорна и услужна како што тврди Јован Митровски

Заев креираше хаос и демонстрираше невидена неспособност.

Еве ги фактите:

Девизните резерви намалени се над 170 милиони евра за три ипол месеци.

Има пад на просечната плата за 0.7 отсто и пад на индустриското производство 2,2 отсто.

Пад на извозот за јуни и јули и тоа 12 отсто, односно 52 милиони евра со што му нанесе голема штета на домашното стопанство.

Прометот во индустријата во јули во однос на јуни годинава е намален за 9,1 процент.

100 милиони евра странски инвестиции се помалку.

Под знак прашање се 60-тина странски инвестиции кои може да донесат над 25 илјади работни места.

Пензионерите се измамени, а покачувањето на пензиите е укинато.

Владата на Заев ќе заврши како една од најнеуспешните во историјата на земјата со длабоки последици кои ќе ги платат граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Јован Митрески.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски