ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС е антиреформска

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата на СДСМ не е реформска, туку антиреформска и оти за тоа докази се повеќе нејзини мерки и постапки, од кои една е и вработувањето на, како што велат оттаму, партиски послушници.

– Сто милиони денари годишно од парите на граѓаните ќе бидат потрошени за привремени вработувања на партиските послушници на СДС и за новите советници на Заев од невладиниот сектор. За ребалансот на буџетот антиреформската влада на СДС ја зголеми за 100 проценти количината на средства кои се издвојуваат за привремени вработувања, бидејќи Заев мора да ги плаќа фактурите и да ги остварува ветувањата кои ги даде пред членството, истакна на денешната прес-конференција Емилија Александрова.

Додаде дека наместо реализација на ветувањето 500 евра просечна плата, Заев започнува со реализација на ветувањето дека „ќе ја партизира државата од чистачка до министер“.

Овие средства, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, можат да се искористат за повисок стандард, плати, пензии и социјална помош или пак за градење школи и болници…

– Со сто милиони денари годишно пари на граѓаните исто така ќе бидат плаќани и поранешните невладини активисти кои цело време лажеа дека се коректив на власта, а позадински одработуваа за политичките интереси и агенда на СДС. Тие за својот ангажман како награда се ангажирани од Зоран Заев како советници во својот кабинет, истакна Александрова.

Додаде дека е време Зоран Заев да ги исполни ветувањата на граѓаните кои очекуваат 16.000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата и 500 километри нови автопати.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски