ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски и Груби веднаш да го поништи тендерот за надзор за изградба на патиштата

Од:

„И покрај скандалите со компанијата Ептиса, за која се менуваше тендерската постапка, се пролонгираше рокот од страна на владата за тендерот за надзор на изградбата на автопатите на коридор 8 и коридор 10Д, уште една фирма во конзорциумот е со сомнител беграунд“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Евро Консалтинг, која е дел од конзорциумот ИРД- Ептиса- Електра солушн, е во сопственост на Бранимир Димитријевиќ од самото основање до денес. Истиот Димитријевиќ е обвинет во Ерменија за криминал при надзор на развој и спроведување на проектот коридор Север-југ во Ерменија. Тој извршил измама во вредност од 1.8 милиони долари.

Токму Евро Консалтинг заедно со другите 3 фирми го добиваат тендерот за надзор за изградба на автопатиштата од Коридор 8 и 10Д, иста работа за која Димитрјевиќ е гонет за измама во друга држава.Бранимир Димитријевиќ со помош на 3ца македонски димпломати побегнува од Ерменија со приватен авион, во 2019 година во време кога на власт се СДС и ДУИ.

Сега Артан Груби и Димитар Ковачевски ова лице за кое има и распишано меѓународна потерница од Ерменија го наградуваат со тендер од 22 милиони евра.

Целиот процес со надзорот на овој проект е компромитиран и е ставен во ризик и за тоа владата на Ковачевски и Груби треба веднаш да го поништи тендерот за избор на надзор на проектот за изградба на автопатиштата од коридор 8 и 10Д и да распише нова транспарентна тендерска постапка.

Јавното обвинителство треба веднаш да отвори постапка за изборот на двете фирми во конзорциумот за надзор, Ептиса и Евро консалтинг бидејќи е загрозен проектот и репутацијата и на државата и на реномираните компании кој ќе го градат овој проект Бектел и Енка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина