ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски дава македонско државјанство на шпионот и олигарх Онишченко, одговорност и оставки мора да има

Од:

Во време на Ковачевски рускиот шпион и украински олигарх Онишченко добива македонско државјанство, одговорност и оставки мора да има. Онишченко добива македонско државјанство во мај 2022 година, кога Ковачевски е веќе 5 месеци премиер. АНБ и МВР морале да го информираат Ковачевски дека даваат државјанство на лице на црна листа на САД, и лице по кое трага Украина велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Виктор Димовски и Оливер Спасовски морале да го известат Ковачевски. Сите тројца одработиле против стратешките интереси на Македонија. Одговорноста за случајот со издаденото државјанство на Онишченко не може да заврши со суспендирање на вработени во АНБ. Мора да има политичка одговорност за Виктор Димовски и Оливер Спасовски. Димовски не смее да биде македонски амбасадор во Франција. Како може Македонија да биде сигурна во лице кое овозможило криминалец како Онишченко, кој е на црна листа на САД да добие државјанство? Димовски може да работи за секого, само не за Македонија и нејзините стратешки интереси, затоа оставка од АНБ и политичка одговорност преку повлекување на одлуката за заминување на амбасадор во Франција се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски