ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе инвестиции, повеќе можности за компаниите и повеќе нови работни места за граѓаните. Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година е објавен вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, со буџет од 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС и ДУИ со години наназад зборуваа за економски развој, а зад себе оставаа затворени фирми, иселување и рекордна невработеност, денес се реализираат мерки со јасна цел, поддршка на стопанството и отворање нови работни места. Со мерката, една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица и финансиска поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања.

Овие проекти се директна инвестиција во македонската економија, во домашните компании и во македонските работници. Со секое ново работно место се зајакнува економијата, се подобрува животниот стандард и се создаваат услови младите својата иднина да ја градат дома. Владата продолжува со реализација на мерки што даваат резултати. Се испорачуваат конкретни политики и реална поддршка за стопанството. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политики што носат економски раст, повисока вработеност и подобар животен стандард за сите граѓани, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит