ВМРО-ДПМНЕ: Владата е клинички мртва Талат ја стави на респиратот кариерата на Ковачевски

Од:

„Талат Џафери со одлуката за отфрлање на иницијативата за референдум за договорот со Бугарија ја стави на респиратор кариерата на Ковачевски. Со овој потег Талат не само што противправно се стави во позиција на Уставен судија, туку и ја извади на виделина паниката која владее во редовите на власта од соочување со народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Антимакедонската СДС има уплав да го слушне мислењето на народот бидејќи знаат дека над 900 илјади граѓани ќе излезат за успешен референдум и ќе гласаат за сосекување во корен на проблемот кој носи асимилација и негирање на македонскиот идентитет.

СДС се свесни дека и иницијативата и прашањето се согласно Уставот и законот, но немаат храброст да проверат што мисли народот за нивната политика и за договорот со Бугарија, па затоа на кукавички начин ја отфрлија. Дури и на голем дел од нивните поддржувачи им е јасно дека додека постои овој договор до тогаш ќе произлегуваат нови и нови уцени, диктати и понижувања и затоа и тие би гласале на референдум.

Ковачевски се сокри под фотелјата на Талат мислејќи дека така ќе ја спаси својата влада. Но владата бегајќи од народот веќе изгуби секаков легитимитет. Таа е клинички мртва влада која вештачки се одржува. Народот ќе си дојде по своето. Никој не може да избега и да победи народ, а најмалку Ковачевски кој кукавички се крие. Народната казна ќе го стаса“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ