ВМРО-ДПМНЕ: Владата да намали со трошењата и да прекине со криминалните шеми за да има пари за повисоки плати на вработените во образованието

Од:

Во услови на галопирачки раст на трошоците за живот, легитимни се барањата на вработените во образованието, науката и културата за повисоки плати. Дотолку повеќе што согласно колективните договори тие треба да добијат нивелирање на платите и не смеат да добиваат примања кои се малку повисоки од минималната плата велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Потценување на интелигенцијата на граѓаните е образложението на владата администрирана од Ковачевски дека нема пари и дека покачувањето на нивните плати ќе предизвика инфлација, ако се има предвид дека Владата изминатиот период потрошија милиони евра на набавки на цвеќиња, фстаци, позлатен прибор, службени возила, или за криминални тендери, студии и семинарски трудови. Граѓаните се соочуваат со огромен пораст на трошоците за живот. Инфлацијата само во месец март е 8,8%, а за година дена цената на горивата се покачи за 70%, на струјата за 30%, на парното за 15%, на лебот за 110%, а на сите останати основни намирници е покачена за 30-50%. Владата треба да скрати од непродуктивните трошења и да ги прекине криминалните шеми и така ќе има пари за повисоки плати на граѓаните кои чесно работат и едвај врзуваат крај со крај се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Стојко Рамов избран за претседател на СОНК

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче