ВМРО-ДПМНЕ: Вистинското лице на Мојсоска и останатите од Левица е разобличено и демаскирано, никој веќе не им верува

Од:

Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават. А нивните дела зад завесата далеку од очите на јавноста, целосно ја демантираат нивната, и така празна, реторика. Тие се целосно разобличени и демаскирани. Додека Јована Мојсоска и Левица на граѓаните им продаваат евтини приказни дека се чесни, скромни и неподмитливи луѓе, тие зад завесата инкасирале пари од партиската сметка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Информациите кои пристигнаа до нас од свиркачи од Левица, го покажуваат вистинското лице на Мојсоска, дека едно зборува пред камери и друго прави далеку од очите на јавноста. Информациите говорат дека Мојсоска на ден 26.04.2024 земала 123.000 денари, а на 03.02.2023 земала 96.862 денари. Додека пак, само годинава во месеците јуни и јули, кога е пратеник во македонското Собрание, земала на 3 пати по 54.000 денари.

И Мојсоска не е изолиран случај, целото раководство на президиумот на Левица си го покажаа вистинското лице и нивното лицемерие, кое пред граѓаните се претставуваа како скромни и луѓе од народот, а зад нив од сопствената партија инкасирале и ставале во џеб пари, налик на патни трошоци. Оттука ја прашуваме Мојсоска и останатите од Левица, зошто посегнуваат по партиските пари, нели е повеќе од доволна пратеничката плата? Нели е лицемерно, да од една страна глумите некакви аскети, а од друга страна ја цедите својата политичка партија? Но, вистинското лице на Мојсоска и останатите од Левица е разобличено и демаскирано, никој веќе не им верува.

Би можело да ве интересира

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он