ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањата на Борис Георгиевски за ветер и магла нема да поминат кај граѓаните од Гази Баба

Од:

„Ветувањата на Борис Георгиевски за чистење на сметот во Гази Баба се лажни и лицемерни. Тој ветува дека ќе ги исчисти депониите, а неговиот сопствен двор е во катастрофална состојба.

Граѓаните на Стајковци се жалат затоа што нечистотиите од неговата фарма се излеваат директно на улиците. Човекот кој има депонија во сопствениот двор, не може да го чисти сметот во општина. Тоа е лажење на граѓаните.

Препорачуваме пред да лаже што ќе прави во Гази Баба, да се почне со расчистување на сопствениот двор.

Граѓаните континуирано се жалат и го пријавуваат на надлежните инспекции, но реакција од инспекциите нема.

Ветувањата за ветер и магла нема да поминат кај граѓаните од Гази Баба.

Граѓаните на Гази Баба ќе гласаат за реална програма и дела кои ги нуди кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Борис Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори