ВМРО-ДПМНЕ: Весела математика на СДСМ, мешаат баби и жаби, но бројките се децидни – СДСМ изгуби во Тетово

Од:

„Весела математика на СДСМ, мешаат баби и жаби, но бројките се децидни – СДСМ изгуби во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ доби 4 советници во Тетово наспроти 2 кои ги доби СДСМ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мартин Костовски од СДСМ.

„Владејачката коалиција е делегитимирана во Тетово.

Не знаејќи како да го оправда поразот во Тетово, СДСМ се фали со избор на градоначалник во Центар Жупа каде немало против кандидат.

Само СДСМ како во комунизмот може да се фали со избор и победа на кандидат, без противкандидат.

СДСМ е делегитимирана. Само оставка од Ковачевски и распишување на предвремени избори се решение“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ